Порто избори пласман во полуфиналето на Купот на Португалија, откако на „Драгао“ ја совлада Бенфика со минимални 1-0. Дербито беше решено со еден погодок, а лисабонскиот тим доживеа уште едно големо разочарување.
За „орлите“ ова е втор тежок удар во краток период, по елиминацијата во полуфиналето од Лига купот.
Натпреварот беше и втор за Жозе Мурињо на „Драгао“ откако ја презеде Бенфика, но португалскиот стратег повторно си замина со пораз. Големи се шансите Мурињо да ја заврши и оваа сезона без трофеј, со оглед на тоа што последниот го освои во 2022 година со Рома.
Ситуацијата не е поволна ниту во првенството, каде Бенфика заостанува десет бода зад лидерот Порто, а надежите за успех се сведуваат на Лигата на шампионите, каде моментално се наоѓа на 25. место.