Десет години беше дел од Реал, сега неговиот тим го исфрли „кралот“ од Купот – па пушти и солзи! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Второлигашот Албасете го шокира големиот Реал Мадрид и со победа (3-2) го исфрли од осминафиналето на Купот на кралот.

Овој натпревар беше посебно емотивен за еден фудбалер, а тоа е Хесус Ваљехо. Стоперот по десет години во Реал Мадрид и многу позајмици, без никогаш да се наметне во првиот тим летово замина по истекот на договорот и потпиша со Албасете.

Сега тој не можеше да му помогне на тимот на теренот поради повреда, но и покрај тоа беше значително емотивен по крајот на мечот и пушти и солзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×