Мане подобар од Салах, со негов гол Сенегал е прв финалист на Африканскиот куп! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Сенегал со 1-0 го победи Египет и се пласираше во финалето од Африканскиот куп на нации, стрелец на единствениот гол беше Садио Мане.

Двајцата поранешни фудбалери на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах се сретнаа еден против друг во овој полуфинален меч, победник можеше да биде само еден.

Тоа беше Мане, токму со негов гол Сенегал го победи Египет и ќе се бори за пехар во последниот меч од Африканскиот куп на нации. Погодокот беше постигнат во 78. минута.

Сенегал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу домаќинот Мароко и Нигерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×