Чаби Алонсо се огласи по разделбата со Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Чаби Алонсо се огласи со кратко соопштение на Инстаграм, стратегот вели дека му било привилегија и чест да биде тренер на Реал Мадрид и се заблагодари на клубот, играчите и навивачите.

Чаби Алонсо минатото лето пристигна на „Бернабеу“ како замена за Карло Анчелоти, стави потпис на договор до 2028 година, но не ја издржа ниту првата сезона.

По неколку турбулентни месеци, Реал Мадрид му врачи отказ на стратегот по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Попладнево со своја реакција се огласи и самиот Чаби Алонсо, кој порача дека му било чест и привилегија да седне на клупата на „Бернабеу, тој исто така им се заблагодари на сите иако директно не го спомна претседателот Флорентино Перез.

 „Заврши ова професионално поглавје, за жал не испадна како што посакувавме. Да се биде тренер на Реал Мадрид беше чест и привилегија“ – започна Чаби Алонсо.

„Му благодарам на клубот, на играчите и, пред се, на навивачите и „мадридистите“ за довербата и поддршката. Си заминувам со почит, благодарност и гордост што го дадов најдоброто од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×