Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува со кадровски промени во пресрет на вториот дел од сезоната, а клубот потврди уште една разделба со фудбалер од актуелниот ростер. Битолчани официјално соопштија дека Јорданчо Наумоски повеќе нема да биде дел од тимот.
Наумоски во Пелистер пристигна пред две години, а во текот на својата кариера има настапувано и за Победа, Тиквеш, Металург, Брондби и 11 Октомври.
Во наредниот период се очекува раководството на клубот да се фокусира на доведување нови имиња со кои ќе се засили тимот за продолжението на првенството.
Ова не е прво заминување од „Петар Милошевски“ во зимскиот преоден рок, бидејќи претходно со клубот се разделија српските интернационалци Ѓорѓе Белиќ и Петар Ристиќ, кои не успеаја да ги оправдаат очекувањата во есенската полусезона. Дополнително, неизвесна останува и иднината на искусниот дефанзивец Александар Ристевски.