Шкендија договори тест со Брера пред заминување и уште четири странски ривали за во Анталија

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот првак Шкендија го привршува воведниот дел од зимските подготовки и наскоро се сели во Турција, каде што ќе ја одработи главната фаза од подготовките за продолжението на сезоната.

Тетовскиот тим во моментов тренира во Македонија, а последна проверка пред заминувањето ќе има на 15 јануари, кога ќе одигра пријателски натпревар против Брера Струмица. Само два дена подоцна, експедицијата на Шкендија ќе отпатува во Анталија, која и оваа зима ќе биде база на бројни европски екипи.

Во Турција, избраниците на стручниот штаб ќе одиграат четири контролни натпревари против интернационални противници. Закажани се дуели со украинската Олександрија, словачка Подбрезова, босанскиот претставник Сараево и казахстанскиот Ордабаси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×