166
Манчестер јунајтед денеска им приреди ново разочарување на своите фанови и со пораз од Брајтон со 2-1 го заврши настапот во ФА Купот.
Тимот предводен од Флечер кој е тука привремено по заминувањето на Аморим одново не беше на највисоко ниво, не блескаше и Брајтон, но искористи две од своите прилики.
Резултатот беше отворен по 12 минути игра кога Груда стрелаше за 1-0.
Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Дани Велбек во 64. минута се погрижи за втор гол.
Јунајтед имаше свои шанси, меѓутоа немаше реализација се до финишот кога, Бенјамин Шешко погоди по еден корнерр, но веќе беше предоцна за нешто повеќе.