Динамо работи на голем трансфер, доаѓа Зидан?

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб покажува сериозен интерес за ангажман на голманот Лука Зидан, син на легендарниот Зинедин Зидан, пренесува шпански „Ас“.

Според информациите, хрватскиот шампион е подготвен да понуди околу два милиони евра за чуварот на мрежата на Гранада. Лука Зидан во последниот период го привлече вниманието со настапите за алжирската репрезентација, за која дебитираше откако не доби шанса во Шпанија и Франција, а повикот за Африканскиот куп на нации дополнително ја зголеми неговата цена.

Зидан е продукт на академијата на Реал Мадрид, настапуваше за резервниот тим и имаше два меча за сениорскиот состав, по што играше за Рајо Ваљекано и Еибар. Од летото 2024 година е член на Гранада, каде сезонава има 14 настапи.

Неговиот договор со шпанскиот клуб важи до летото 2027 година, а разговорите со Динамо засега се во почетна фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×