Хулк се ожени со братучедката на неговата поранешна сопруга (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Прославениот бразилски фудбалер Хулк стапи во брак на со Камила Анџело, братучетка на неговата поранешна сопруга Иран Анџело. Врската помеѓу Камила и Хул е позната од пред неколку години, а сега парот се одлучи и да ја официјализира.

Камила е две години помлада од Иран, а пред две години со Хулк го добија своето прво дете. Оваа година парот очекува син. За Хулк тоа ќе биде петто дете, бидејќи од 12-годишниот брак со Иран Анџело има три деца.

Според информациите токму Камила е причинат што бракот на Хулк и Иран се распаднал, а таа признава дека двете веќе не комуницираат.

„Како да сум закопала жива ќерка. Се будам и заспивам без да можам да сфатам зошто ми се случи сето ова. Болката е огромна, понекогаш чувствувам како срцето да ми го кинат. Таа ми беше како ќерка. Ѝ дадов сѐ откако се роди. Толку многу пати ги жртвував своите соништа за да се остварат нејзините. И не зборувам само за материјални работи, бидејќи нив е лесно да ги дадеш кога имаш пари, туку за љубов, грижа, внимание, почит… буквално сѐ“, изјави Иран

Можно е и ова да ти се допаѓа

×