Одложени два натпревари во Бундеслигата!

by Стефан
1 минути читање

Дв натпревари од 18. коло во германската Бундеслига, меѓу Сент Паули и Лајпциг, како и дуелот помеѓу Вердер и Хофенхајм, се одложени поради обилните снежни врнежи, соопшти денеска раководството на лигата.

Стадионите во Хамбург, каде што домаќин е Сент Паули и во Бремен, каде што настапува Вердер, се целосно затрупани со снег и во моментов не постојат услови за одигрување на натпреварите.

Двата натпевари беа закажани за утре, а дополнително ќе биде објавен новиот термин за нивно одигрување.

Инаку, вториот дел од сезоната во Бундеслигата почнува вечерва во 20:30 часот со дуелот во Франкфурт, каде Ајнтрахт ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

По 15 одиграни кола, лидер на табелата е Баерн Минхен со девет бодови предност во однос на второпласираниот Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×