Исполнета и втората желба на Маркоски: Енозис потпиша со уште еден Македонец (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската колонија во Енозис Паралимни продолжува да се зголемува, откако по Марко Симоновски, кипарскиот клуб предводен од тренерот Бојан Марковски денеска официјално го потврди ангажманот на уште еден наш фудбалер.

Нов член на тимот е Демир Имери, чие доаѓање во изминатиот период веќе се најавуваше како извесно, а сега доби официјална потврда.

Имери во Паралимни пристигнува со цел да ја засили конкуренцијата по крилните позиции, а на Кипар се доаѓа од редовите на Работнички, за кој настапуваше во есенскиот дел од сезоната.

Во својата кариера Имери зад себе има меѓународно искуство настапувајќи во клубови од Украина, Малта и Албанија, а воедно беше дел и од неколку младински репрезентативни селекции на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×