122
Се исполни желбата на Жоао Кансело, повторно ќе го облече дресот на Барселона откако каталонскиот клуб постигна договор со Ал Хилал.
Се работи за позајмица до крајот на сезоната според која Барселона ќе му плати на Ал Хилал четири милиони евра.
Интер го посакуваше Жоао и тргна во офанзива по неговиот потпис, но фудбалерот имаше желба повторно да игра во Барселона и таа му се оствари.
Се очекува наскоро зделката да биде комплетирана и тој да му се стави на располагање на Ханси Флик.