125
Интер одигра одличен натпревар против Болоња и без проблем дојде до трите бода откако славеше со 3-1.
Првпат мрежата беше затресена во 39. минута кога Зиелински постигна гол за водство на Интер од 1-0.
По само три минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез реализираше со глава за 2-0.
Мартинез имаше шанса да даде уште еден гол, но ја погоди пречката.
Во 74. минута Турам даде чуден гол за предност на Интер и од 3-0.
Почесниот гол за Болоња го постигна Кастро во 83. минута од натпреварот.
По 17 одиграни натпревари Интер е прв со 39 бода, Милан има 38, а Наполи 37.