Конте за прв пат го победи Сари, Наполи и Елмас со цел плен заминаа од Рим (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Наполи со 0-2 славеше на гостувањето кај Лацио, за Антонио Конте ова беше прва победа над Маурицио Сари.

Лацио беше незгоден противник за Наполи изминативе години, но „наполитанците“ попладнево без многу проблеми стигнаа до триумф од 0-2 и со цел плен си заминаа од Рим.

Спинацола го отвори резултатот во 13. минута, а Рахмани да зголеми на 0-2 во 32. минута.

Продолжението од мечот донесе многу тензија, беа покажани дури три црвени картони – за Нослин и Марушиќ во таборот на домаќините, и Мацоки во таборот на гостите.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер и одигра речиси цел натпревар, беше повлечен од игра во 86. минута.

ФОТО: X/Official SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×