Како што пренесува Газета дело Спорт, Барселона е во контакт со агентите на Душан Влаховиќ и му нуди 12 милиони евра по сезона, Милан внимателно следи каква е ситуацијата на Србинот.
Душан Влаховиќ влезе во последните шест месеци од договорот со Јувентус, па слободно може да си подаде рака со друг клуб и беспари да се пресели по крајот на сезоната.
Како што пренесува Газета дело Спорт, во овој момент Барселона е најблиску до потписот на Србинот.
„Каталонците“ оствариле неколку разговори со агентите на Душан Влаховиќ и му понудиле 12 милиони евра по сезона, платата која тој ја добива во овој момент.
Душан Влаховиќ е желба и на Макс Алегри, па Милан внимателно ја следи ситуацијата на напаѓачот.
„Росонерите“ не се откажуваат, но тешко дека ќе можат да го изедначат предлогот на Барселона.
Но дури и доколку Барселона стигне до услугите на Душан Влаховиќ, тоа нема да биде толку лошо за Милан, бидејќи на овој начин ќе се отвори простор за ангажман на Роберт Левандовски, за кого очигледно ќе нема иднина на „Камп Ноу“.
Полјакот е високо ценет од раководството на Милан како играч со искуство и лидерски способности, кој ќе донесе многу во нападот следната сезона.