Кочаели не го дава Чурлинов, македонскиот фудбалер нема да се врати во Полска

by riste
0 минути читање

Официјалната телевизија на Кочаелиспор ги потврди гласините дека полски клубови се заинтересирани за Дарко Чурлинов, но и потенцираше дека турскиот клуб нема намера да се ослободи од македонскиот фудбалер.

Според полските медиуми Видзев Лоџ, Легија и Јагелонија сакаат да го вратат Дарко Чурлинов во полскиот фудбал.

Таквите гласини беа потврдени од КочаелиТВ каде што открија дека до клубот пристигнала и конкретна понуда од Полска.

Но, актуелниот тренер во тимот е задоволен од Чурлинов и им порачал на сопствениците дека негова желба е Македонецот да остане. Клубот ќе ги одбие сите понуди кои ќе дојдат за нашиот репрезентативец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×