Кристал Палас за рекорна сума купи играч кој ѝ даде гол на Македонија

by riste
1 минути читање

Екипата на Кристал Палас денеска се пофали со ново засилување, потпиша со велшанецот Бренан Џонсон кој пристигнува од Тотнем.

Кристал Палас за овој трансфер плати 35 милиони фунти што е клупски рекорд. Досега нивно најскапо засилување беше Кристијан Бентеке за 27 милиони фунти.

Бренан Џонсон останува во Лондон, само го промени реонот, од северниот се сели во јужниот дел.

Џонсон беше еден од стрелците на Велс на дуелот против Македонија во Кардиф кој го загубивме со 1-7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×