Милан донесе нов напаѓач, може да игра уште вечерва против Каљари

by bojan
1 минути читање

Милан го комплетираше трансферот на Никлас Филкруг од Вест Хем, поради промената на правилата, напаѓачот ќе може да истрча на теренот веќе вечерва против Каљари.

Она што со денови се најавуваше, попладнево и официјално беше потврдено – Никлас Филкруг е нов фудбалер на Милан.

Напаѓачот пристигнува од Вест Хем и ќе го носи дресот со број 9 во вториот дел од сезоната.

„Милан е задоволен што може да соопшти дека Никлас Филкруг му се приклучи на клубот на позајмица од Вест Хем, со опција за перманентен трансфер“ – се вели во краткото известување.

Поради промена на правилата, Никлас Филкруг ќе може да истрча на теренот веќе вечерва против Каљари, но се очекува да биде само резерва и својата шанса да ја чека во второто полувреме.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×