Виктор Бонифејс, напаѓачот кој во еден период беше хит во Европа се соочува со опасност да ја заврши кариерата на само 26 години.
Бонифејс ова лето пристигна на позајмица од Леверкузен во Вердер, но се мачи со повреди и слаба форма, а на 11 натпревари во Бундеслигата не постигнал гол.
Сега е надвор од терените поради повреда на коленото за која според „Билд“мора да прави операција. Ако се одлуи на таков потег, сигурно нема да се врати до крајот на сезоната.
„Вердер и Леверкузен веќе се согласиле дека треба да оди на операција, меѓутоа самиот Бонфејс уште разислува.
Меѓутоа се додава и дека ако ја одбие операцијата, веќе нема да настапи за Вердер.Наводно во клубот јасно му ставиле до знаење декаи ма повреда која ја загрозува и неговата цела кариера.
Бонифејс пред две години според „Трансфермаркт“ вредеше 45 милиони евра и во сезоната во која Леверкузен ја освои Бундеслигата беше најдобар стрелец во тимот со 14 гола.