Готово: За првпат Египќанец ќе го носи дресот на Барселона!

by Стефан
1 минути читање

Младиот 18-годишен египетски фудбалер Хамза Абделкарим ќе стане првиот Египќанец кој ќе го облече дресот на Барселона.

Како што пренесуваат бројни извори од Шпанија и Египет, Барселона постигнала договор со Ал-Ахли за откуп на договорот на Абделкарим, кој ќе биде и првото засилување на каталонскиот гигант во зимскиот преоден рок. Според договорот, младиот напаѓач најпрво ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната, за сума д 1.5 милион евра, а потоа Барселона на лето ќе може да го откупи за 3.5 милиони. Дополнително, египетскиот клуб ќе задржи 15 проценти од евентуалната идна продажба на фудбалерот.

Абделкарим ќе влезе во историјата како прв Египќанец во дресот на Барселона, а се очекува на почетокот да настапува за резервниот тим на Каталонците.

Младиот офанзивец дури оваа сезона почна да добива поголема шанса во првиот тим на Ал-Ахли, откако претходно блескаше во младинските категории. За кадетската репрезентација на Египет има импресивен учинок од 12 голови на 17 одиграни натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×