Раул е една од најголемите легенди на Реал, а најдобар за него е – Меси!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, предизвика изненадување кај дел од навивачите на „кралскиот клуб“ откако јавно истакна дека Лионел Меси, според него, е подобар фудбалер од Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, две икони кои оставија неизбришлива трага на „Сантијаго Бернабеу“.

Аргентинецот со години беше најголемиот ривал на Реал Мадрид, а неговите дуели со Кристијано Роналдо во рамки на „Ел Класико“ ја дефинираа една од највозбудливите епохи во модерниот фудбал. И покрај тоа што Раул делеше соблекувална со Зидан и со Роналдо, јавно истакна дека го смета Аргентинецот за подобар фудбалер.

„Имав среќа да играм со фудбалери како Зидан, Кристијано, Роналдо (Бразилецот), Фиго… но, мислам дека Меси е најдобар, тој е поинаков. Многу лесно изгледаат работите на теренот кога тој ги прави. Кога го гледате се однесува како да игра со пријателите од улица“, изјави Раул.

Раул во дресот на Реал Мадрид забележа вкупно 714 настапи и постигна 312 погодоци, бројки кои засекогаш го врежаа меѓу најголемите легенди на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×