Нејмар го одбра клубот во кој ќе се бори за мундијалски повик

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар ја донесе одлуката за својата иднина. Тој останува во својот матичен клуб Сантос и токму таму ќе се бори за повик од Карло Анчелоти за Светското првенство кое започнува во јуни.

33-годишниот капитен стави крај на сите шпекулации за можен трансфер. Тој ќе потпише нов договор со Сантос кој ќе важи до 31 декември 2026 година.

Според „Globo Esporte“, Нејмар одлучил да остане во познатата средина додека се опоравува од операцијата на коленото, со јасна цел да игра редовно и да обезбеди место во репрезентацијата на Бразил за Мундијалот. Континуитетот во настапите бил клучен за неговата одлука да не менува клуб во овој момент, со јасна цел пред себе.

Во Сантос се задоволни што нивниот најпознат играч покажа лојалност, и покрај тоа што неговиот договор претставува голем финансиски товар за клубот. Нејмар веќе во завршницата на 2025 година даде значаен придонес пред да се повреди, помагајќи му на тимот да избори опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×