Готово е: Енцо Мареска си оди од Челси

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси и Енцо Мареска ја прекинуваат соработката, по тензичниот период што го одбележа клубот во изминатите 48 часа.

Според информациите, двете страни постигнале договор за разделба поради сериозните тензии кои ескалираа во последните денови. Одлуката е конечна, а официјалното соопштение од лондонскиот клуб се очекува во текот на денот.

Раководството на Челси веднаш ќе започне со потрага по нов менаџер, со цел стабилизирање на екипата и подобрување на резултатите во продолжението од сезоната.

Мареска си заминува од „Стемфорд Бриџ“ по краток и турбулентен престој, кој беше проследен со резултатски проблеми и нарушени односи со клупската управа, што на крајот доведе до предвремена разделба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×