Никогаш не победиле на Африканскиот Куп на Нации, а се пласираа во осминафналето

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската селекција на Танзанија испиша историја со пласман во нокаут-фазата на Африканскиот куп на нации, иако и натаму останува без ниту една победа на континенталниот турнир.

На актуелното издание од шампионатот, Танзанија забележа два нерешени резултати и еден пораз, учинок што, сепак, се покажа доволен за чекор напред и место меѓу 16-те најдобри репрезентации.

По стартниот пораз од Нигерија, Танзанците одиграа без победник против Уганда и Тунис, а благодарение на бодовите освоени во тие два дуела обезбедија пласман во елиминациската фаза како една од најуспешните третопласирани селекции.

Интересно е што Танзанија не само што сè уште нема триумф на ова издание, туку во целата своја историја на настапи на Африканскиот куп на нации никогаш не успеала да стигне до победа.

Ова е нивно четврто учество на континенталното првенство. Премиерниот настап го имаа во 1980 година во Нигерија, кога освоија еден бод во групната фаза. Во Египет 2019 година доживеаја три порази, додека на претходниот шампионат во Брегот на Слоновата Коска запишаа два ремија и еден пораз, што тогаш не беше доволно за историски исчекор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×