Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, повторно се најде во центарот на вниманието, но не поради одбрани, туку поради реакцијата по убедливиот пораз од Арсенал со 4-1.
По последниот свиреж на судијата, аргентинскиот чувар на мрежата беше мета на провокации од домашните навивачи, кои со навреди го испраќаа кон тунелот што води до соблекувалните. Мартинез не остана рамнодушен и влезе во вербална расправија, при што ситуацијата за момент се закани да излезе од контрола.
Фудбалерот кој е познат по својот темперамент, овојпат беше брзо опколен од редарската служба и членовите на стручниот штаб, по што беше спроведен кон соблекувалната.