Реал Мадрид застана во редот за трансфер на синот на Станковиќ

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид активно работи на плановите за иднината и веќе ги насочува погледите кон подмладување на средниот ред, сектор кој наскоро ќе доживее големи промени. Во таа насока, во фокусот на шпанскиот гигант се најде и младиот српски репрезентативец Александар Станковиќ.

Според информациите на „Дефенса Сентрал“, скаутите на кралскиот клуб внимателно го следат напредокот на 20 годишниот фудбалер кој оваа сезона прикажува одлични партии во дресот на Клуб Бриж. Сепак, во Мадрид се свесни дека евентуалниот трансфер нема да биде едноставен, бидејќи Интер ги држи конците во свои раце.

Италијанскиот клуб планира да го врати Станковиќ во своите редови веќе наредното лето и располага со откупна клаузула во висина од 23 милиони евра, што значително ја усложнува ситуацијата за сите заинтересирани страни.

Покрај Реал, интерес за младиот играч од средниот ред покажуваат и Арсенал и Тотенхем, но според актуелните најави, најизвесна опција е негово враќање во Серија А и продолжување на кариерата во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×