Сцена каква што може да има само на АКН: Уганда на Мато за 13 минути смени три голмани! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Овогодинешното издание на Африканскиот Куп на нации продолжува да го изненадува фудбалскиот свет со неверојатни сцени, а еден од најбизарните моменти го режираше репрезентацијата на Уганда на дуелот со Нигерија.

Селекцијата за која настапува Роџерс Мато направи уникатна сцена, бидејќи на стартот на второто полувреме за само 13 минути мораше да ги искористи сите три голмани.

На полувремето поради повреда теренот го напушти Денис Онјанго, а на негово место влезе Салим Магула. Сепак, наместо да брани до крајот тој во 57 минута доби директен црвен картон поради игра со рака надвор од шеснаесетникот. Тогаш во игра влезе Нафиан Алионзи кој го добрани натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×