Договор на повидок: Пелистер може да се засили со двајца Македонци!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Пелистер немаше најдобри резултати во првиот дел од сезоната, па поради тоа во Битола веќе има најави за нови имиња.

Според информациите на „xmksport“, Пелистер е блиску до ангажман на двајца Македонци и тоа Влатко Стојановски и Томче Гроздановски.

Стојановски во својата кариера настапуваше за: Металург, Ренова, Шкендија, Работнички и Беса во Македонија, додека надвор од границите на нашата земја беше дел од: Ним, Горица, Септември Софија, Сплит и Нертванац. Исто така зад себе има и гол за репрезентацијата на Македонија кој го постигна на дебито против Австрија во 2019 година.

Гроздановски минатото лето направи трансфер во Романија, додека претходно настапуваше за Силекс, Работнички, Вион, Дугопоље и Кожуф.

Пелистер по првиот дел од сезоната се наоѓа на деветтата позиција со 16 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×