Вест Хем размислува за трет тренер оваа сезона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со јасна задача да го извлече клубот од кризата по лошиот старт на сезоната, но засега резултатите воопшто не одат во негова корист. Чеканите се наоѓаат во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на португалскиот стратег забележаа само две победи на 13 одиграни натпревари, што сериозно ги разочара челниците на клубот.

Според информациите на „Ток Спорт“, во Вест Хем веќе размислуваат за разделба со Нуно, иако засега не се споменува конкретно име кое би можело да го наследи на тренерската функција.

Поранешниот тренер на Нотингем Форест го замени Грем Потер, но посакуваната шок терапија не вроди со плод, а лондонскиот клуб продолжи со слабите настапи во Премиер лигата.

Сѐ погласни се најавите дека Вест Хем наскоро би можел да именува и трет тренер во актуелната сезона, што дополнително ја покажува длабочината на кризата во која се наоѓа клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×