ФФМ во последните денови од годината го заврши реновирањето на теренот број 1 на „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Од првиот ден до последниот детал, македонскиот фудбал доби уште еден значаен инфраструктурен исчекор пред крајот на 2025 година. Во Тренинг центарот „Петар Милошевски“ успешно е заокружен голем проект кој носи подобри услови за сите национални селекции.

Теренот број 1 е целосно обновен и сега располага со нова современа дренажа, нов систем за наводнување и комплетно нова тревна подлога, со што значително се подигнува квалитетот на условите за тренинг и подготовка.

Со оваа инвестиција, репрезентациите на Македонија добиваат терен кој одговара на највисоките стандарди, создавајќи оптимални услови за работа, развој и подготовки за идните предизвици на меѓународната сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×