Самарџиќ ќе замине од Аталанта, но ќе остане во Италија!?

by riste
0 минути читање

Српскиот фудбалер на Аталанта, Лазар Самарџиќ во јануари би можел да го промени клубот.

Информациите велат дека Србинот е на излезна врата од Бергамо, а има клубови кои се заинтересирани за неговиот поспис.

Како кандидати се посочуваат Лацио и Фиорентина. Двата клуба се распрашувале за условите по кои би можеле да го добијат.

Во финишот од летниот преоден рок Олимпик Марсеј се обиде да го ангажира, но договор не се случи.

Се верува дека сега е поблиску до заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×