Сари завршил во болница, му правеле операција срцето

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на италијанскиот прволигаш Лацио, Маурицио Сари (66), бил подложен на помала операција на срцето, соопшти римскиот клуб.

Според италијанските медиуми, станувало збор за рутинска интервенција, а 66-годишниот стратег во наредните денови се очекува да им се врати на редовните обврски.

„Тренерот Маурицио Сари, по дијагностицирана атријална фибрилација, беше подложен на катетерска аблација со примена на ПФА технологија. Зафатот го изведе професорот Андреа Натале, меѓународен пионер со повеќе од 30 години искуство во лекувањето на оваа состојба и истиот помина успешно“, соопштија од редовите на Лацио.

Лацио во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата во Серија А, а следниот натпревар ќе го одигра во недела, кога на домашен терен ќе го пречека третопласираниот Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×