Шкупи е убедливо на дното во ПМФЛ, а сега остана и без тренер

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкупи остана без тренер откако Минас Османи одлучи да се повлече, па чаирчани во пролетниот дел од сезоната ќе влезат со нов предводник.

Одлуката да ја напушти клупата ја потврди самиот Османи кој како главн причини ги наведе долгата и испрпувачката работа во тешки услови, како и тоа што кон него не биле исполнети финансиските обврски од клубот во изминатата година.

Сепак, и покрај проблемите Османи истакна дека во текот на целиот период го давал максиумот за клубот, играчите и навивачите. Во своето обраќање ито така се заблагодари до неговите соработници и навивачката група „Шверцери“.

По првиот дел од сезоната, Шкупи е последен на табелата со само еден освоен бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×