Жозе Мурињо приреди ново шоу на средбата со новинарите по мечот помеѓу Бенфика и Брага, „специјалниот“ изјави дека неговиот тим забележал голема победа на тешко гостување и покрај тоа што мечот заврши 2-2.
Жозе Мурињо нема влакна на јазикот и често кажува што мисли, но овој пат се надмина себеси.
По крајот на натпреварот помеѓу Брага и Бенфика, тој изјави дека победиле со 3-2 и покрај тоа што мечот заврши 2-2.
„Специјалниот“ со ова јасно стави до знаење дека не е задоволен од одлуката на судиите да го поништат голот на Самуел Дал во 74. минута
„Голема победа!“ – рече Жозе Мурињо во разговор со Спорт ТВ.
„Во првото полувреме, Брага беше подобар противник, но во второто полувреме на теренот имаше само еден тим – Бенфика. Момците одговорија на предизвикот, го свртеа натпреварот и победивме 3-2. Одличен резултат“.
⚽ O golo da vitória do Benfica em Braga. pic.twitter.com/aWb9cChMEa
— SL Benfica (@SLBenfica) December 28, 2025
Тој потоа додаде: „Победивме 3-2. Го видов нашиот трет гол од клупата, и немав никаков сомнеж дека е чист како солза. Го гледав на мониторот, веројатно исто како и ВАР, и ставот останува ист, голот беше чист“.
„Па победивме, остваривме голема победа“.
ФОТО: X/SL Benfica