Давид Тошевски стрелец во Белгија, му донесе бод на Дендер (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски повторно се запиша меѓу стрелците во белгискиот шампионат и му донесе важен бод на Дендер на гостувањето кај Мехелен.

Домашниот тим рано стигна до водство уште во 8 минута, но Дендер успеа да се врати во продолжението. Клучниот момент се случи во 61 минута, кога Тошевски ја искористи својата шанса и погоди за израмнување 1-1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Македонскиот интернационалец доби и жолт картон во текот на средбата и беше заменет во 77 минута.

За Тошевски ова беше четврти погодок сезонава во Белгија, додека Дендер и натаму останува на дното на табелата со 13 бодови, четири помалку од претпоследниот Серкл Бриж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×