Каква чест: Модриќ, Далиќ и Гвардиол со видео-честитка за Седлоски (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Гоце Седлоски по ангажманот на клупата на репрезентацијата на Македонија доби многу честитки, а дел од нив дојдоа од врвот во хрватскиот фудбал.

Лука Модриќ со кој Седлоски кратко ја делеше соблекувалната, Јошко Гвардиол кому му беше тренер во вториот тим на Динамо Загреб и актуелниот хрватски селектор Златко Далиќ му испратија порака со честитки.

При објавата на Фудбалската федерација на Македонија, својот став го сподели и Седлоски кој напиша неколку зборови и за препукувањата со екс-селекторот Игор Ангеловски.

За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат „со среќа Македонијо“. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета“, изјави Седлоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×