175
Репрезентацијата на Алжир успешно го отвори настапот на Африканскиот Куп на нации со победа над Судан од 3-0.
Херој на триумфот беше Ријад Марез кој постигна два погодоци во 2. и 61. минута, додека конечниот резултат го постави Ибрахим Маза во 86. минута.
Судан остана со играч помалку уште во првото полувреме по исклучувањето на Салахелдин Алхасан, што Алжир максимално го искористи.
Натпреварот беше посебен и за Лука Зидан, кој го забележа својот прв настап на континентално првенство. Во следното коло Алжир ќе игра против Буркина Фасо, а Судан против Екваторска Гвинеја.