42
Македонија се збогува со славниот Васил Рингов кој почина вчера на 70-годишна возраст, а пораки пристигнуваат од неговите поранешни соиграчи, соработници и пријатели.
Во јавноста со порака се огласи и поранешниот селектор, Чедомир Јаневски.
„Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и останатите вардарци. Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред се до неговата фамилија, нека почива во мир“, објави Јаневски.
Рингов во својата кариера одигра повеќе од 200 натпревари за Вардар и постигна 93 погодоци.