Ендрик ја комплетираше позајмицата во Лион! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик ја комплетираше позајмицата во Лион, од 1 јануари ќе може да почне да настапува за францускиот клуб.

Ендрик во Реал Мадрид пристигна како големо засилување, но не можеше да се избори за некоја позначајна минутажа, па мораше да замине на позајмица.

Тој потпиша со Лион до крајот на сезоната. Францускиот клуб ќе плаќа дел од неговата плата.

Интересно, во договорот има и ставка дека Лион ќе треба да плати и уште некоја сума доколку Ендрик стартува на помалку од 25 натпревари до крајот од сезоната.

Ваквиот договор му гарантира на Бразилецот место во стартниот тим на речиси секој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×