Толку многу го сакаше: Рингов поради Вардар се расплака и во ТВ емисија (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Денеска македонскиот фудбал остана без Васил Рингов, една од нашите најголеми фудбалски легенди кој најдлабока трага остави во Вардар, клуб кој и најмногу го сакаше.

Доказ за љубовта на Рингов беше и едно негово ТВ гостување во периодот кога Вардар играше во Втора лига и минуваше низ тешки денови.

Тогаш додека зборуваше за својот поранешен клуб, Рингов се расплака, велејќи:

„Се плашам дека некој сака да го снема Вардар“, прокоментира Рингов во емисијата на „ТВ 24“.

Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×