Елмас и Наполи стигнаа до трофејот во Суперкупот, спектакулрен гол на Нерес (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Елиф Елмас и Наполи се радуваат на триумф во Суперкупот на Италија, вечерва во финалето славеа со 2-0 во пресметката против Болоња.

Наполи и Елиф Елмас се враќаат од Саудиска Арабија со трофеј во Суперкупот на Италија.

Вечерва во финалето со 2-0 славеа во пресметката против Болоња, херој на мечот беше Давид Нерес.

Во финишот на првиот дел, Бразилецот спектакуларно погоди од далечина и со лева биеше неодбранливо под пречката.

Истиот играч погоди и во 57. минута, по енда грешка на Болоња, рутински реализираше за 2-0,

Елиф Елмас беше стартер и на теренот помина 68 минути, кога беше заменат од Ланг.

ФОТО: X/Official SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×