72
Според информациите на познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, екипата на Милан договорила нов напаѓач.
Имено, Никлас Фулкруг од редовите на Вест хем ќе пристигне во Милано на позајмица со опција за откуп на лето за 14 милиони евра.
Станува збор за можност за откуп, па така Милан нема да биде обврзан да го откупи неговиот договор.
Фулкруг не се снајде најдобро во Англија и интерес за него имаше и од Германија, но желбата на фудбалерот беше да продолжи во италијанскиот фудбал.