Балканска иницијатива: Македонија и уште седум земји конкуренти за домаќинство на ЕП?

by 24 фудбал
1 минути читање

Идејата Балканот за првпат во историјата да биде домаќин на Европско фудбалско првенство добива сѐ поголема поддршка. во јавноста се појави петиција упатена до Европската фудбалска унија со барање сериозно да се разгледа кандидатура за ЕП 2036.

Авторите на иницијативата посочуваат дека фудбалот на Балканот отсекогаш бил многу повеќе од игра, симбол на емоции, припадност и традиција која со децении ги обединува народите во регионот. Балканските земји дале огромен придонес во европскиот и светскиот фудбал, создавајќи врвни индивидуалци, препознатливи клубови и навивачка сцена која важи за една од најгласните и најстрастните.

Во петицијата се истакнува и инфраструктурниот напредок во последните години, со изградба и реконструкција на современи стадиони, како и можноста едно вакво големо натпреварување да донесе значителен економски бенефит, развој на туризмот и позитивен општествен импакт за целиот регион.

Како земји кои би можеле заеднички да ја реализираат организацијата се наведуваат Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Хрватска, а петицијата е јавно достапна за сите кои сакаат да ја поддржат оваа иницијатива НА ОВОЈ ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×