Башкими ќе прави сериозна реконструкција на тимот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Башкими влегува во зимскиот преоден рок со мисија за реконструкција и опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Куманово повлече радикални потези и направи сериозен рез во ростерот, откако соработка беше прекината со вкупно девет фудбалери од есенскиот дел од сезоната.

Најголемите промени се случија во офанзивната линија, каде што клубот се раздели со Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја и Недим Хаџиќ. Промени има и во средниот ред, каде што повеќе нема да настапуваат Иса Аденкуле и Хабубула Аскар, додека од одбраната си заминаа Фарук Бихорац и Самет Реџепи.

Во раководството на Башкими веќе се фокусирани на следната фаза, носење нови засилувања кои треба да ја подигнат конкурентноста на тимот во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×