72
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец на гол кој беше поништен во дербито меѓу Хартс и Глазгов Ренџерс (2-1) во рамките на Премиер лигата на Шкотска.
Штипјанецот погоди по десетина минути игра по еден прекин од втор план. Сепак, тука се вклучи ВАР собата и сигнализира недозволена позиција.
Ситуацијата е толку тесна, што фудбалските аналитичари од Шкотска сметаат дека можеби Миовски ниту не бил во недозволена позиција. Ниту оспорената снимка со повлечени линии не дава јасна индикација за кој е во право.