Ерлинг Халанд со уште една маестрална партија го предводеше Манчестер Сити до победа од 3-0 над Вест Хем по која се качија на врвот во Премиер лигата каде ќе бидат најмалку неколку часа.
Халанд уште во шестата минута погоди за водство од 1-0, а во 38. минута му асистираше на Рејндерс за 2-0.
Во 69. минута Халанд постигна уште еден гол за конечна победа од 3-0.
Манчестер Сити сега е прв со 37 бодови, еден повеќе од Арсенал кој вечерва му гостува на Евертон. Притисокот е врз топчиите.
Во другите денешни натпревари од овој термин, Брентфорд со 2-0 победи на гостувањето кај Вулвс, Борнмут и Барнли одиграа 1-1, а немаше голови на мечот меѓу Брајтон и Сандерленд.