Фенербахче по триумфот
од 2-0 во првиот меч против Истанбулспор, беше со една нога во четвртфиналето
од турскиот Куп.
На реваншот,
жолто-црните славеа минимално со 0-1 на гостински терен, а токму на тој меч за
прв пат во составот на турскиот гигант се појави и нашиот 18 годишен
интернационалец Елиф Елмас.
Сепак, Елмас остана само
на клупата за резервни фудбалери, не добивајќи ниту една минута од шефот на
стручниот штаб Ајкут Кочаман.
Тамошните медиуми на
големо се распишуваа за причините зошто Кочаман не му даде прилика на нашиот
Елмас на овој натпревар, а како една од причините се издвојува тоа што
искусниот тренер наводно сакал постепено да го адаптира македонскиот фудбалер
во составот на Фенербахче, па така не му се брза воопшто.