Беќири очекувал Шкендија да има три-четири бода повеќе: Се одразија европските натпревари, но имаше и судиски грешки

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкндија есенскиот дел од сезоната го заврши на третата позиција табелата со заостанување од шест бода зад лидерот Вардар и пет од Струга која е втора.

Стратегот на тетовци, Јетон Беќири во најголем дел е задоволен од својата екипа, но нагласи дека очекувал да имаат три-четири бода повеќе. Според влијание имале европските настапи, меѓутоа ги спомена и судиските грешки.

„Што се однесува до бодовното салдо, очекував 3-4 бодови повеќе. Исто така и европската есен, концентрацијата на играчите кон настапите во Лигата на Конференции, сето ова има влијание. Исто така би сакал да истакнам дека имаше 2-3 грешки на наша штета и тие влијаеа на конечната табела. Сепак, ние ќе се концентрираме максимално на првенството во пролетниот дел, има уште 17 меча да се играат и сметам се е отворено, иако Вардар и Струга имаат бодовна предност и се добри екипи. Се надеваме дека ќе играме многу подобро и ќе имаме многу подобри резултати и во првенството и во Купот во вториот дел од сезоната“, рече Беќири.

Потврди Беќирри и дека Шкендија ќе се засили во зимсскиот преоден рок.

„Тимот секако ќе се засили. Веќе имаме прелиминарни разговори со некои играчи. Сега и играчите на Шкендија ќе бидат барани на пазарот со оглед на успешните европски настапи, па можеби и некој ќе се продаде. Но, во секој случај мислам дека ќе имаме квалитетна екипа за вториот дел од сезоната“, заклучи Беќири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×