Васоски најави добри вести: Силекс во јануари ќе се засили!

by Стефан
2 минути читање

Стратегот на Силекс, Александар Васоски изрази задоволство од пласманот на неговата екипа по првиот дел од сезоната, меѓтоа и потенцираше дека мораат да играат и подобро за да ги остварат зацртааните цели.

Силекс полусезоната ја заврши на четвртата позиција со 11 бода зад Вардар, Шкендија е трета со пет бода повеќе. Интересно е што Силекс има ист број на бодови како минатата година, но тогаш со овој учинок беа есенски шамиони.

„Имаме исто бодови како лани кога бевме есенски прваци, но Вардар и Струга ТЛ освоија повеќе бодови оваа сезона и мораше да се задоволиме со тоа четврто место. Можеше и подобро, жал ми е за мечот со АП Брера каде водевме со 1:3 и на крајот мораше да се задоволиме со бод, и со Арсими на домашен терен кога бевме поразени во ненормални услови за игра. Поразите од сите три водечки екипи не беа со некоја доминантна игра на противниците, туку од наше неисксутво“, рече Васоски за официјалниот сајт на ФФМ.

Најави и засилувања во зимскиот период.

„Прехрабро и преоптимистички е да кажам дека ќе бидеме прваци. Нашата цел е излез во Европа. Имаме уште шест меча со првите три екипи, а Купот потсвесно го посакуваме, каде патот може да биде полесен до пехар и до Европа. Ќе играме наша игра и на пролет, Силекс игра офанзивен фудбал, и кога губиме и кога водиме создаваме шанси, играме добар фудбал, нашите мечеви никогаш не се здодевни, настапуваме дисциплинирано и она кое го бара европскиот фудбал. Што се однесува до играчкиот кадар, ќе биде освежен тимот со неколку нови имиња. Драстични промени ќе има само доколку некои од играчите бидат продадени на некои од заинтересираните клубови од странство. Има интерес за одредени фудбалери, но не знам дали сега би било паметно да ги пуштиме или да размислуваме за трансфери на крајот од сезоната. Ќе видиме деновиве, ќе имаме состанок со раководството, и заеднички ќе одлучиме што е најдобро за тимот“, заклучи Васоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×