Каде виде судијата пенал за Реал? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид доби исклучително спорен пенал во натпреварот против третолигашот Талавера во рамките на Копа дел Реј.

Фудбалерите на Реал речиси 40 минути не успеваа да го скршат отпорот на домаќинот, а клучниот момент се случи по одлука на главниот судија. По еден обид за расчистување, играч на Талавера играше со глава, по што топката го погоди во рака, ситуација која според правилата не се санкционира со пенал. Сепак, арбитерот не го почитуваше тоа и покажа на белата точка.

Килијан Мбапе беше прецизен од пенал, а кратко потоа следуваше и автогол на еден од домашните фудбалери, по што Реал Мадрид замина на полувреме со водство од 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×